95
Десетици илјади луѓе денеска протестираа во Стокхолм, барајќи посилни политички активности во врска со прашањата за животната средина, јавуваат шведските медиуми.
Според проценките на Шведското друштво за заштита на природата, еден од организаторите на собирот, ова е рекорден број за еден климатски протест, бидејќи околу 50.000 луѓе и 280 различни организации учествуваат во денешниот марш низ центарот на Стокхолм.
Поворката тргна нешто по 13:00 часот и се движи низ централните улици на шведскиот главен град, а ја сочинуваат учесници од сите возрасти, известува јавниот сервис SVT.