Македонскиот борач Фати Вејсели обезбеди најмалку сребро на Игрите во Таранто

by irena 18:14
18:14

Македонскиот борач Фати Вејсели се пласира во финалето на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Тој обезбеди најмалку сребро откако попладнево во слободен стил категоријата до 74 килограми го победи Јасин Јесил од Турција со 5:3 во полуфиналната борба.

Во финалето Вејсели ќе се соочи со Ислам Дудаев од Албанија.

Борбата за златото е закажана за утре во 18:40 часот.

Слични вести