Бројот на граѓаните на Европската унија кои ја напуштиле Велика Британија во текот на изминатата година е највисок од досега регистрираните, објави Државниот завод за статистика на таа земја (ОНС)
Во 2017 година Велика Британија ја напуштиле вкупно 139.000 луѓе. Единствена година во која тој број бил приближен е 2008 година, со 134.000 лица. Од ЕУ во Велика Британија во текот на изминатата година дошле да живеат 101.000 луѓе, што е најмалку во изминатите пет години.
Нето стапката на миграции – разлика меѓу бројот на луѓе кои доаѓаат да живеат во Британија за најмалку 12 месеци и бројот на оние кои емигрираат – од земји надвор од ЕУ, е зголемена на 227.000, што е најмногу од септември 2011 година
Податоците на ОНС се однесуваат на период по референдумот за Брегзит.