Иван Савиди е рускиот бизнисмен од Грција кој платил 300.000 евра на македонски политичари и националистички организации

by fokus

Документи од Минстерството за внатрешни работи покжауваат дека рускиот бизнисмен кој живее во Грција, Иван Савиди платил 300.000 евра на десетици македонски политичари, членови на новоформираните националистички организации и хулигани навивачи на Вардар, пишува Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCRP).

Иван Савиди по потекло е од Грузија, но најголем дел од животот го поминал во Русија, а бил член и на рускиот парламент од партијата на Путин, Обединета Русија.

Кога во 2000та година се преселил во Грција го купил фудбалскиот клуб ПАОК и неколку весници.

Според изворите во МВР, истрагата за овие ислати од Савиди познат и како Савидис, е во тек.

Поврзани новости