Реконструирана болницата во Гевгелија, изградена и современа хирушка сала

by Fokus

Во реконструираната Општа болница во Гевгелија се гради хирушка сала со современа медицинска опрема, како и центар за дијабетес и оддел за физикална терапија во кои се инвестирани вкупно 375.000 евра. Денес болницата ја посетија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче.

-Особено за издвојување е изградбата на новата хирушка сала и набавката на новата медицинска опрема во вредност поголема од 250.000 евра. Болницата сега располага и со нов ехо апарат на одделот за рентген дијагностика и комплетно реновирани одделенија на хирургија, нервно и за гинеколошко-акушерски болести, истакна Заев.

Премиерот посочи дека со сериозни вложувања во гевгелиската и други болници во земјава Владата ја потврдува својата цврста определба за градење одржлив и ефикасен здравствен систем кој ќе им биде силна потпора на граѓаните.

-Од денеска е ставена во функција новата хирушка сала после 60 години за прв пат во оваа болница направена по највисоки стандарди со соодветни градежни карактеристики, со најсовремени апарати за анестезија и лапораскопска хирургија, како и најсовремен хирушки стол, истакна министерот за здравство Филипче.

Филипче нагласи дека ова е само дел од работите кои изминативе две години се изведуваа во гевгелиската Општа болница.

-Во изминативе три години, благодарение на оваа Влада, се издвоени преку 30 милиони евра за зголемување на платите на здравствените работници и драго мие е што сè помалку ја напуштаат нашата земја, рече Филипче.

Поврзани новости