Реклама на Луј Витон ги спои ривалите Меси и Роналдо

by Фокус

Напаѓачите на „Манчестер Јунајтед“ и „Пари Сен Жермен“, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои изградија големо ривалство од времето кога играа за Реал Мадрид и Барселона, играа шах во новата рекламна кампања на француската модна куќа Луј Витон.

Во објективот на фотографката Ани Лејбовиц, играчите приредија шаховски дуел, додека Роналдо играше со бели, а Меси со црни фигури.

Наместо шаховска табла, спортистите го користеа куферот на брендот.

„Победата е состојба на умот“, се вели во натписот на објавата.

Поврзани новости