Река: Очекувам фер избори за да ги почнеме преговорите со ЕУ

by Фокус

Кандидатот за претседател, Блерим Река, денеска после гласањето на изборите изјави дека очекува фер избори за, како што рече, земјава да ги почне преговорите со ЕУ.

-Се надевам дека граѓаните ќе го искористат своето уставно право и денеска ќе гласаат за претседател. Со убавото време јас мислам дека и расположението кај граѓаните е такво, и се надевам дека ќе докажеме дека сме држава која е спремна да ги почне преговорите со ЕУ и ќе докажеме дека имаме политички капацитет државата да ја водиме кон евроаталантските интеграции – рече Река.

Поврзани новости