412
Претседателскиот кандидат Блерим Река во вечерашната дебата на ТВ 21 рече дека ги цени неговите противкандидати и нема забелешки за нивните кампањи.
-Јас мислам дека двајцата имаат многу позитивни работи. Јас ги ценам. Како што рековме и првиот ден не ја сметам оваа кампања како трка на живот или срмт, туку како презентација на три концепти. Кампањите на двајцата противакандидати беа многу фер и немам никаква забелешка. Хибридна војна со лажни вести и јазик на омраза против мене и моето семејство. Тоа го прават ДУИ и ДПА отворија специјална војна против мене и се надевам ДИК тоа го нотираше, рече Река.