ВМРО-ДПМНЕ поднесе два нови приговори до Антикорупциска

by fokus 20:54
20:54

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе уште два приговори до Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Првиот се однесува на одлуката за измена на детален урбанистички план во општината Ѓорче Петров, каде, како што велат, локалната власт на СДСМ уништува парк за да се гради станбен објект.

- Advertisements -

-Одговорни се градоначалникот и Советот кој што прифатиле точка и ја изгласале одлуката во Изборен период. Иако иницијативата е поднесена од приватно лице пред изборите; во овој период не смее да се менува ДУП, бидејќи се отвора можност за влијание врз гласачи. Вториот счучај се однесува на лице вработено во администрација, кое работното време наместо на работното место, го поминува во штабот на Стево Пендаровски. За време на посетата на идната претседателка на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова на штабот на Пендаровски во Скопје, меѓу присутните е и градежен инженер од Демир Хисар, вработен во Министерството за финансии. Зоран Заев и Стево Пендаровски се во паника бидејќи се соочени со изборен пораз и затоа скандалозно и недопустливо секојдневно ги злоупотребуваат институциите и буџетот во изборни цели, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости