Пендаровски до Река: Нашите пристапи се слични, само што ти повеќе го нагласуваш етничкиот концепт

by fokus

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашната дебата на МРТ доби прашање од противкандидатот Блерим Река дали неговиот концепт „едно општество за сите“ може да биде имплементиран од Река како претседател.

-Мислам дека концептот општество за сите е можен и со Река за претседател. И се согласувам и не треба да бегаме од твојот концепт држава за сите. Колку што гледам нашите пристапи се слични. Има само една мала разлика која вака како пријател сакам да ти ја посочам. Во твојата кампања милам дека повеќе го нагласуваш етничкиот концепт. Јас тоа се обидувам да го избегнам. Не сметам дека тоа е нешто лошо и не навлегувам дали тоа го бараат партиите кои те поддржуваат, но мислам дека може погрешно да се сфати, му одговори Пендаровски.

Поврзани новости