542
Кандидатот за претседател Блерим Река денеска ја продолжи неговата кампања во Брвеница каде беше во придружба со лидерот на Алијанса на Албанците, Зиадин Села како и со лидерот на движење Беса, Билал Касами.
-Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да може да го живееме концептот за една Република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не само формална за сите граѓани на оваа земја. Македонија како мултиетничко општество не може да функционира како моноетничка земја. Затоа на 21 април вашиот глас е глас за промена, глас против корупцијата и против неправдата, рече Река.