Во Брисел почна самитот на лидерите на ЕУ за Брегзит

by fokus 21:10
21:10

Во Брисел почна вонреден самит на лидерите на Европската унија, на кој се разговара за претстојното излегување на Велика Британија од таа организација.

– Дојдов на самитот со барање до лидерите на Европската унија да го одложат Брегзит на краток рок, изјави британската премиерка Тереза ​​Меј при влезот во седиштето на Европската унија.

- Advertisements -

Истакнувајќи дека Велика Британија веќе требаше да излезе од Унијата, Меј рече оти е тажна, бидејќи британскиот Парламент не го одобри договорот за Брегзит што британската Влада го постигна со официјален Брисел.

– И натаму тврдам дека овој договор може да обезбеди меко и уредно разидување, рече Мај, додавајќи дека работи напорно и преговара со британската опозиција за што поскоро да биде надминат проблемот.

– Барам одложување на Брегзит до 30-ти јуни. Целта на овој самит е да се обезбеди пролонгирање на Брегзит за да можеме во тој период да го усогласиме договорот за регулирано разделување, рече Мај.

Таа тврди дека е можно британскиот Парламент да го одобри договорот за Брегзит до 22-ри мај.

Поврзани новости