Регулаторна: Шилегов не ги познава доволно законските обврски

by fokus

Од Регулаторната комисија за енергетика денеска реагираат дека изјавите на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов дека нивните одлуки се политички мотивирани, ги сметаат за негова недоволна упатеност во законските обврски и оценуваат дека тие се штетни за целиот реформски процес.

-Потенцираме дека сите пресметки на тарифите се во согласност со законската и подзаконската регулатива која и понатаму професионално и доследно ќе биде применувана од наша страна. Професионалноста во донесувањето на решенијата од страна на Регулаторната комисија за енергетика може лесно да се провери доколку за тоа се има желба и интерес. Реакциите од страна на раководствата во локалната самоуправа на спроведувањето на реформите во секторот води на централно ниво не се издржани. Овие реформи се започнати уште пред донесувањето на Законот за утврдување на цените на водните услуги во јануари 2016 година, кој Регулаторната комисија за енергетика има обврска да го спроведува, стои во соопштението на  реглаторите.

Додаваат дека доколку претпријатијата можат со ефикасно работење да ги намалат оперативните трошоци кои се презентирани во барањата до РКЕ, може да подготват промена на барањето и да ги достават на увид и одобрување.

Поврзани новости