Регулаторна објави калкулатор: Сами пресметајте колку струја сте потрошиле

by Fokus

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), објави калкулатор за пресметка на сметките за струја, според новиот тарифен систем.

Со тоа граѓаните сами ќе можат да проверат колку електрична енергија трошат и да си направат пресметка колку ќе плаќаат во иднина, по воведување на новиот тарифник, а сето тоа ќе им биде овозможено со калкулаторот којшто го објави РКЕ.

На денешната прес-конференција претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски кажа дека потрошувачката во период на важење на евтина струја нема да влезе во блок тарифите.

-Евтината струја нема да влегува во блоковите. Во наредниот период ќе ги примаме сите забелешки и сугестии, тие единствено можат да одат во насока за зголемување на опсегот на блоковите. Имаше доста дилеми во јавноста, на најголем дел ќе излеземе во пресрет. Со овој тарифен систем не можат да се решат сите проблеми, изјави Бислимоски на прес-конференција.

Пресметките може да ги направите ТУКА.

Поврзани новости