Регистрирани 14 починати од корона во последното деноноќие

by fokus
Во последните 24 часа регистрирани се 14 починати лица од компликации со Ковид-19. Шест пациенти од Скопје (55, 53, 80, 58, 61, 46г), еден од Куманово (75), двајца од Тетово (60 и 70г), еден од Прилеп (79г), еден од Охрид (55г), двајца пациенти од Струмица (73 и 69г) и еден пациент од Струга (77г).
Од нив тројца се починати вон, останатите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88749, бројката на оздравени пациенти е 71592, на починати е 2696, а бројот на активни случаи изнесува 14461.

Поврзани новости