На вчерашната седница владата ја разгледа и усвои Информација за статусот на спроведување на проектот „Регистар на население“. Од соодветната реализација на проектот се очекува во иднина дури и да го замени пописот, каков што е случајот со неколку европски земји, велат од Владата.
Министерство за информатичко општество и администрација треба да изработи решение за Централен електронски регистар на население до јули 2018 година. Регистарот ќе ги содржи следните полиња за населението во Република Македонија: Име, Презиме, Јазик, ЕМБГ, Пол, Датум на раѓање, Место на раѓање (Држава, Општина, Населено место), Лични документи (листа на документи со податоци за Број, Вид, Датум на издавање, Датум на важност, Статус, Место на издавање), Мајка (ЕМБГ), Татко (ЕМБГ), Адреса на живеалиште (Општина, Населено место, Улица, Број (Број, Влез, Стан)), Адреса на привремен престој (Општина, Населено место, Улица, Број (Број, Влез, Стан)), Државјанство (Држава, Статус, Датум на почеток, Датум на престанок), Брачен статус, Датум на брачен статус, Сопруг/а (ЕМБГ), Националност, Смрт, Датум на смрт, Место на смрт (Држава, Општина, Населено место).
За оваа потреба ќе биде формирана работна група со членови од повеќе институции, која ќе треба да изготви нацрт-закон за Закон за централен електронски регистар на население и нацрт-закон за Закон за електронски услуги.