350
Да се формира Специјално јавно обвинителство за борба против корупцијата од траен карактер, предлагаат од иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.
-СЈО формирано согласно Пржинскиот договор е проблематично од причина што доби материјали врз база на кои почна ги гони само луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.Ако СЈО се формираше како институција од траен карактер,која ќе ги истражува политичките и бизнис елитите, ќе беше многу поуспешно-рече Петар Богојески од иницијативата за демократизација и модернизација на ДПМНЕ.
Тој додаде дека Пржинскиот договор бил потпишан од ВМРО-ДПМНЕ иако раководството на партијата не за тоа добило легитимитет од партиските органи.