Михајловски: Затворањето на А1 беше преломна точка за ВМРО

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ помина неколку фази, така што со текот на времето ги поклопуваше лостовите на критика и контрола, а преломна точка беше затворањето на А1 телевизија, рече Александар Михајловски на денешната трибина на Иницијативата за реформи на ВМРО-ДПМНЕ.

– Кога ВМРО дојде на власт во 2006 година имаше демократија во медиумите и институциите,кои како контролни точки влијаат врз самоконтрола на партијата. После 2008 институциите се повеќе се поклопуваа а преломен момент беше затворањето на А1.ВМРО работеше многу подобро кога работеше јавно и имаше критика-истакна Михајловски.

Тој смета дека внатрепартиската демократија е предуслов за изградба на силни и независни институции.

Поврзани новости