Две лица од Демир Капија заработија кривична пријава поради „злоупотреба на службената положба“ и „несовесно работење во службата“, пренесуваат од МВР.
„Полициска станица Неготино поднесе кривична пријава против С.Р.(44) и Д.Б.(48), двајцата од Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 07.02.2019, првопријавениот, како референт во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Демир Капија, издал испратница за количина на огревно дрво помала од фактичката состојба, со што го оштетил буџетот на ЈП „Национални шуми“ и Буџетот на Р.С.Македонија. Второпријавениот, во својство на технички директор во ЈП „Национални шуми“ – ПЕ Демир Капија, усно се договорил со сопственик на железара во Демир Капија да направат компензација, односно вработените во Национални шуми да земат разновидна роба од неговата железара за потребите на ЈП „Национални шуми“, а тие за возврат да му дадат огревно дрво“, велат од МВР.