Тетовци го нападнале својот роднина со нож поради имотни прашања

by fokus

Вчера попладне, две лица нападнале роднина со остар предмет во Тетово поради имотни прашања.

„На 06.11.2019 во 17.30 часот во СВР Тетово, И.Р.(33) од Тетово пријавил дека околу 14.30 часот во неговиот дуќан во Градскиот трговски центар во Тетово, по кратка расправија околу имотни прашања, бил нападнат со употреба на остар предмет од неговите роднини С.Ј.(29) и Н.И.(37), исто така, од Тетово. Двајцата пријавени набрзо се обезбедени во Полициската станица Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против нив ќе следуваат поднесоци“, велат од МВР.

Поврзани новости