Референдумот ќе се одржи на 30-ти септември со или без ВМРО-ДПМНЕ?

by fokus

Се очекува утре на собраниска седница да биде распишан референдум за Договорот со Грција, при што прашањето ќе гласи онака како што најави премиерот, Зоран Заев:„Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“.

Неофицијално референдумот ќе се одржи на 30-ти септември, а власта е подготвена да ја започне кампањата без опозицијата.

За распишување на референдумот ќе гласаат пратеници од владејачката коалиција, плус оние од БЕСА и двајца од Алијанса за Албанците.

Се уште траат разговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на кои се инситира опозицијата да не го бојкотира процесот. Од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема одлука дали ќе го повика членството на бојкот. Од таму велат дека ќе се произнесат откако ќе го видат официјалниот предлог за референдумско прашање.

Поврзани новости