Реџепи пред седницата: Ќе гласам да падне владата

by fokus

Пратеникот од „Алтернатива“, Скендер Реџепи кој условуваше дека ќе го повлече својот потпис од списокот за барање доверба на Владата поради „Левица“, денеска пред седницата изјави дека ќе гласа да падне Владата.

-Јас сум опозиција, а опозицијата секогаш гласа да падне владата, рече Реџепи.

Тој повтори дека неговата партија никогаш нема да биде дел од Влада којашто е анти-НАТО, анти-Косово односно против евроатлантските интеграции на земјава.

Опозициските партии вчера поднесоа ревидиран список до Собранието, а 17 пратеници меѓу кои и лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев ги повлекоа своите потписи од иницијативата за гласање на доверба на Владата. „Алтернатива“ соопшти дека нивните четворица пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата предводена од СДСМ.

Поврзани новости