АХК: Северна Македонија троши двојно повеќе струја отколку што произведува

by fokus

Делегацијата на германското стопанство во земјава (АХК) во својата утринска телеграма порачува дека Северна Македонија влегува во енергетска криза и оти во моментов троши двојно повеќе електрична енергија отколку што произведува поради што црпи струја од европската мрежа за да ги задоволи дневните потреби.

-Државниот оператор за пренос на електрична енергија, МЕПСО, досега доби четири предупредувања за ненајавен упад во европската мрежа. Поради тоа Владата во вторникот прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена. Македонските производни компании се загрижени поради претстојната енергетска криза, но и поради последиците кои ќе ги предизвика недостигот на струја, информира директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс.

Поврзани новости