Реџепи: Коалицијата Алијанса-Алтернатива е на добар пат за договор со Заев

by fokus

Коалицијата Алијанса-Алтернатива е на добар пат за договор за формирање мнозинство со коалицијата „Можеме“, тврди генералниот секретар на Алтернатива и новоизбран пратеник, Скендер Реџепи. Тој за ТВ21 вели дека официјалните преговори се уште не се започнати и истите се очекува да започнат следната недела.

„Секако првото начело на нашата коалиција беше да очекуваме реализација на ветувањето или поинаку кажано на предизборната лага на ДУИ во врска премиер Албанец. Но, по изјавата на претседателот на СДСМ, кој ја тргна од преговарачка маса оваа тема, ние сметаме дека ДУИ конечно го изгуби легитимитетот за преговарање во влада. Така што, по давањето мандат од претседателот на државата на претседателот на СДСМ, коалицијата АА-ААА и официјално ќе одржи преговори за влада и имајќи ја предвид подготвеноста на мандатарот за исполнување на програмската платформа и на нашата коалиција, сметаме дека сме на добар пат до договор“, истакна Скендер Реџепи.

Од друга страна, и од ДУИ велат дека првите сигнали од вчерашната средба Заев-Ахмети се надежни, но останува да се види крајниот исход.

Поврзани новости