Измамници излажале скопјанка дека нејзината ќерка и зет прегазиле дете, по што и земале пари

by fokus

Двајца измамници одзеле 52.000 денари од скопјанка, која ја излажале дека нејзината ќерка и зет прегазиле дете, па за да им помогнат со сведочење, побарале да им даде пари.

-На 06.08.2020 во 15,30 часот во СВР Скопје, Ѓ.Б.(77) од Скопје пријавила дека во 09.00 часот телефонски ѝ се јавиле две непознати лица кои ја известиле дека нејзините ќерка и зет во Аеродром со возило прегазиле дете, при што едното лице се понудило да помогне како сведок на настанот, за што ѝ биле побарани пари. По одредено време на улица во нас.Гоце Делчев во Скопје пристигнало патничко возило, со скопски регистарски ознаки, во кое имало две лица, по што Ѓ.Б. на едното му дала 52.000 денари. Подоцна пријавителката исконтактирала со нејзиниот син, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани новости