По распадот на Југославија во воведувањето на повеќепартискиот систем почна да се појавува радикално толкување или верско-политичко движење од Блискиот Исток и на овие простори. ИВЗ беше единствената која се бореше против тоа, вели Сулејман ефенди Реџепи, реис ул улема на Исламската верска заедница на Македонија во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Во акцијата на МВР „Ќелија“ беше уапсен и еден од имамите, за кого поглаварот на ИВЗ истакнува дека не знае дали станува збор за еден од идеолозите кој врбувал борци за кризните земји.
– Ние навистина не успеавме да имаме точно сознание, меѓутоа секогаш се кажува, тоа значи од луѓето, од верниците, од така наречениот џемат, секогаш бевме известени дека постои такво и такво лице кое раководи со Јаја паша џамија и со Тутунзус џамија и на верниците им беше доста непријатно, меѓутоа и ние како институција не дозволивме самите верници тоа да го решат или ние сами да појдеме така, туку баравме правниот систем да профункционира и да не испадне некој скандал таму – вели тој.