676
Пратеникот Скендер Реџепи – Зејди гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде дебатира околу новото парламентарно мнозинство меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.
Реџепи истакна дека лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села му кажал дека не доаѓа во предвид Левица да биде дел од ова мнозинство.
„Зијадин Села ми рече дека не доаѓа во предвид Левица да биде дел од ова мнозинство. Јас мислев дека во тоа мнозинство ќе бидат БЕСА и ЛДП, бев прелажан. Народот кој ме гласал не ми дал мандат да седнам на иста маса со Левица која е антиалбанска партија, анти нато и анти еу“, порача Реџепи.