488
Демократската унија за интеграција е подготвена за престојните локални избори и очекува Претседателот на Собранието Талат Џафери да ги распише на 6 август како што најави, за да се одржат на 15 октомври, истакна пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили од собранискиот прес-центар.
„ДУИ е подготвена за изборите, направени се сите неопходни подготовки во партијата за престојните избори кои ќе следат во првата половина на октомври. Даваме поддршка тие да бидат распишани на 6-ти август. Очекуваме дека кадрите на ДУИ и по локалните избори повотрно ќе раководат со тие Општини“, рече Исмаили.