Red Dot Award 2022: Новиот PEUGEOT 308 награден за својот уникатен дизајн

by Фокус

Најголемото признание во секторот на „продукт дизајн“ – “Red Dot Award 2022”, во категоријата на „Автомобили и мотоцикли“, беше доделено на Новиот 308!

Првиот модел кој гордо го носи новиот амблем на Брендот.

50-те членови на жирито на Интернационалниот “Red Dot Awards” беа потполно импресионирани од неговиот “allure”, неговиот уникатен стил, високото ниво на квалитет употребен во дизајнот, како и иновативниот i-Cockpit.

Секоја година, овие дизајнерски експерти доделуваат таканаречен “Design Excellence” во 51 „продукт“ категорија.

Потенцијалните клиенти од сите континенти се ослонуваат и му веруваат на признанието “Red Dot” како гаранција за квалитет, “smart” дизајн и врвна ергономија. Peugeot 308 е 7миот модел на Брендот кој е награден со ова престижно признание, креирано во 1955та година во Германија, и од тогаш важи за признание кое се доделува за најдобри дизајни ширум светот.

Поврзани новости