536
Четириесет отсто од жителите на Киев останаа без вода, соопшти вечерва градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.
– Од овој час без струја се 270.000 станови во главниот град, а без вода 40 отсто од потрошувачите, рече Кличко.
Руското Министерство за одбрана претходно денеска ги потврди ракетните напади врз енергетски капацитети на Украина, како и врз воени инсталации, извршени со прецизни проектили истрелани од авиони-бомбардери и од воени бродови.