Османи: Сега е моментумот за уставните измени, а не по изборите

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 анализа во врска со бугарската историската комисија истакна дека работата нема да оди лесно и дека реагирал на изјава на копрецедавачот и се осврна на уставните имени.

– Останува коментарот историчарите да не се мешаат во политиката. Не чувстввам потреба дека бараат политичка поддршка за нивниата работа и сметам дека сами може да си ги бранат позициите и така е подобро, зошто тоа е работа на комисијата. Да ја задржи темата надвор до политиката, рече Османи.

Toj додаде дека во однoс на уставните измени, моментумот е сега и веднаш по скринингот  да се отвори првото поглавје, а помеѓу тоа, требаат уставните измени.

-Сите што ја знаат проблематиката на ЕУ знаат дека мора да се реагира. Не смееме да создадеме временски геп. Ако уставните измени се оставаат после изборите, тогаш изборите ќе бидат само реферндум за уставните измени. – рече Османи.

Поврзани новости