Речиси 60 отсто од граѓаните сметаат дека треба да започне процес на отпуштања во јавниот сектор, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје.
Попрецизно, 58,9% од испитаниците се за тоа дека јавната администрација треба да се намали, 17,2% сметаат дека нивната бројка не треба да се менува, а 9,4% мислат дека треба да се вработат дополнителен број административци.
Етничката структура на граѓаните по ова прашање е сосема спротивставена.
Дури 68,3% од Македонците сметаат дека треба да се намали бројот на вработени во јавната администрација, а само 33,2% етнички Албанци се согласни по ова прашање, додека 33,1% од етничките Албанци сметаат дека бројот на административци треба да остане ист.
Во споредба со анкетата од пред 4 години, бројот на граѓани кои сметаат дека јавната администрација треба да се намали скокнал за над 7 отсто.
Анкетата на Институтот за политички истражувања – Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март врз репрезентативен примерок од 1.107 испитаници.