Речиси 10 илјади евра државата ќе плати на адвокатите на Груевски за „Траекторија“

by fokus

Државата ќе исплати судски трошоци во висина од 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му застаре делото за случајот „Траекторија“.

Оваа пресметка ја направи „Коалицијата за правично судење“, врз основа на податоци од мониторирани рочишта за главна расправа.

Пресметка на судските трошоци за одбраната на обвинетиот Никола Груевски кои што државата ќе треба да ги исплати поради тоа што настапи застареност на кривичното гонење во предметот „Траекторија“

Publiée par Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials) sur Jeudi 21 novembre 2019

Од демекври 2017 до декември 2018 година, Груевски имал бранител по сопствен избор, а до ноември оваа година, му бил назначен адвокат по службена должност.

 

Поврзани новости