504
Шпанскиот Реал Мадрид по трет пат едно по друго ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако вечерва во финалето го совлада Ливерпул со резултат 3-1.
Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус направи голема грешка и му подари топка на Карим Бензема, кој погоди за 1-0. Неколку минути подоцна, Садио Мане ја врати неизвесноста во дуелот, откако по корнер израмни на 1-1.
Потоа на сцена стапи нововлезениот Герет Бејл кој со два гола, од кој првиот со ножички, му ја донесе титулата на Реал Мадрид.