Реал Мадрид и белгискиот интернационалец Еден Азар се договорија да ја прекинат соработката една година пред истекот на договорот и тој ќе може да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Реал ја објави веста, а Кралскиот клуб ќе му ја плати последната година од договорот на Азар и ќе му ги даде хартиите за да оди каде што сака.
Шпанските медиуми пишуваат дека Белгиецот ќе одлучи што понатаму во следните неколку часа, а голема е веројатноста да донесе одлука да ја заврши кариерата на само 32 години.
Во 2019 година, Еден Азар пристигна во Реал Мадрид како големо засилување. Тој беше платен 100 милиони евра на лондонски Челзи, но некогаш големиот Белгиец не покажа ништо на „Сантијаго Бернабеу“. Оваа сезона одигра 10 натпревари за кралевите и постигна еден гол. Вкупно одигра само 76 натпревари во дресот на Реал со учинок од седум гола и 12 асистенции.
Покрај тоа што Реал за него плати 100 милиони евра, Белгиецот беше еден од најплатените играчи на Бернабеу.
Заработувал 28 милиони евра бруто годишно, што значи дека за овие четири години Реал му платил 112 милиони евра. Кога ќе се одземе 50 отсто од данокот, Азар имал 56 милиони евра нето пари.
Секако, за раскин на договорот ќе биде платен и Азар, кој се договори клубот да му плати 50 отсто, што значи 28 милиони бруто. Откако ќе го плати данокот, на сметката ќе има седум милиони евра.