Германка го пропуштила авионот од Анталија, па наместо во Минхен завршила во Москва

by Fokus

Пензионерка (79) од Минхен го пропуштила авионот по летувањето во Анталија, Турција, па наместо во Минхен, завршила во Москва, пишува „Билд“.

„Жената се качила во авионот по десетдневниот одмор во Анталија, но наместо во Минхен, како што било планирано, завршила во Москва“, се вели во текстот на германскиот неделник.

Таа се враќала во Минхен на 26 мај, а додека чекала за поаѓање, портата за качување и се сменила, па по грешка застанала во редот за летот за Москва, пренесе РИА Новости.

Кога пристигнала во Москва, жената чекала неколку часа додека не и издале билет за враќање во Турција.

Таа ноќта во Истанбул ја минала на клупа, а утрото успешно се качила на лет за Минхен.

Жената поминала 30 часа на пат и сега има намера да бара отштета од Туркиш ерлајнс, која го реализирала летот за Москва, додава Билд ам Зонтаг.

Поврзани новости