Реакција на Прилепска пиварница: Никогаш не сме ја ограничиле конкуренцијата

by fokus

Прилепска пиварница изразува незадоволство и несогласување со одлуката на Комисијата за заштита на конкуренција дека некои одредби од договорите со нивните дистрибутери ги нарушуваат начелата на коректен и рамноправен однос кон пазарот и конкуренцијата.

„Наспроти наводите на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Прилепска пиварница има развиено беспрекорно позитивен и взаемно корисен однос со своите овластени дистрибутери и притоа се испочитувани сите пазарни легислативи и обврски. Во ни еден момент од нашата долгогодишна соработка, и ни во еден аспект од нашата работа не е ограничена конкуренција, ниту пак е нарушен балансот на пазарната економија. Во својата работа, овластените дистрибутери се наши рамноправни партнери и соработници со кои заедно постигнуваме значајни резултати и на домашните и на странските пазари“, се наведува во реакцијата.

Прилепска пиварница вели дека токму затоа, ваквите наводи и одлуки од Комисијата за заштита на конкуренција, директно штетат на нивната работа, на заедничко настапување на пазарот и на имиџот како на Прилепска Пиварница така и на овластените дистрибутери.

Комисијата за заштита на конкуренцијата и изрече глоба од 2,7 милиони евра на Прилепска пиварница зошто, нагласи, ги ограничувале дистрибутерите во одредувањето на продажната цена.

Поврзани новости