Реакции по објава на Трамп: Не знаеш да напишеш „Битлси“

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД преместиле на непозната локација неколкумина најопасни припадници на ИД кои биле во затвор во северна Сирија, за да може да ги „држат на око“ додека трае турската офанзива на тоа подрачје.

Меѓу нив се и двајца познати под прекарот „Beatles“ кои се поврзани со убиство на западни заложници.

Објавата на Трамп на Твитер дека „Битлси“ се премсетени на непозната локација предизвика низа негативни реакции поради спелување.

Трамп објави на Твитер дека т.н. „Битлси“ се преместени додека трае офанзивата на турските сили, но Битлси се спелувани како „Beetles“ наместо „Beatles“.

Покрај „лошиот англиски“ илјадници го коментираа твитот на Трамп и му забележуваат и за повлекувањето на американските сили од северот на Сирија бидејќи тоа ги заживува ИД и дека ги оставил Курдите „на цедило“ и на „милост и немилост на Турците“. Корисниците на Твитер веќе го користат хаштагот – #TrumpBetrayedTheKurds.

Поврзани новости