Настапот на претседателот Ѓорѓе Иванов пред пратениците во Собранието помина со монопартиско присуство, бидејќи тој е нелегитимен претседател, изјави Артан Груби од ДУИ.
– ДУИ останува со ист конзистентен став во однос на Иванов, дека тој е нелегитимен претседател, без поддршка на втората по големина етничка заедница во Македонија. Затоа имаше монопартиско присуство на неговиот говор во Собраниет – истакна Груби.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го оцени позитивно говорот на претседателот. Според него, добра е умерената критика на Иванов кон ЕУ, бидејќи во спорот со името треба да се продолжи да се повикува на хашката пресуда.
Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, пак смета дека Иванов имал балансиран, дури и критички говор.
– Сите, исклучиво и опозицијата треба да се обединиме околу стратешките прашања и преку дијалог да се решаваат проблемите – тврди Трајанов.