579
Комуналните редари на Град Скопје при вршење на своите надлежности денеска откриле незаконско одложување на медициски отпад од страна на РЕ-МЕДИКА и ПЗУ ДИАМЕД кои отпадот го одложуваат во контејнери кои се наменети за отпад од домаќинствата.
-За наведениот прекршок на лице место излезе и овластен инспектор за животна средина на Град Скопје, кој состави Записник со констатација за сторен прекршок, зема изјави и направи фотодокументација и го предаде предметот на понатамошна надлежност на Државниот инспекторат за животна средина заради изрекување казна на сторителите на прекршокот, информираа од Град Скопје.