Грција целосно се согласува со позицијата на Европската унија, ја осудува новата еднострана воена акција на Турција на територија на суверена држава и ја повикува веднаш да стави крај на воените операции во североисточна Сирија, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР велат дека операциите што го прекршуваат меѓународното право, “ја поткопуваат стабилноста во регионот и ги стават во опасност напорите на ОН за решение”, но и дека префрлањето на населението и насилната промена на демографските факти се директно кршење на меѓународното право
-Потрнцираме дека одржливо решение за сирискиот конфликт не може да се постигне со воени средства, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција во врска со воената операција на Турција во Сирија.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.