Разузнавачот Пепиќ следел лица од интерес за Агенцијата за разузнавање, па затоа на 27 април влегол во Собранието, тврди неговиот адвокат

by fokus 13:25
13:25

Разузнавачот Мунир Пепиќ следел лице од интерес за неговата служба, Агенцијата за разузнавање, па затоа на 27април 2017 година влегол во Собранието, рече адвокатот Еленко Миланов во Кривичниот суд со цел да го оправда присуството на неговиот клиент во законодавниот дом на “Крвавиот четврток”

-Лицето што го следел влегло внатре па и тој морал да влезе по него. Ќе докажеме дека неговото движење е во насока на следење на лицето. За тоа изготвил извештај до Агенцијата за разузнавање, заедно со уште две лица кои биле на слични задачи, истакна адвокатот Еленов, кој побара од судот да го прибави извештајот на Пепиќ, бидејќи бил со степен на доверливост.

- Advertisements -

Поврзани новости