Над 300 пријави за штети стигнале до Центарот за управување со кризи, по серијата земјотреси во Скопје. Најголем број од пријавите биле за разурнати фасади, оштетени кровови и искршени стакла.
До Секторот за внатрешни работи стигнати се пријави искршени прозорски стакла на ОУ „Димитар Беровски“ во населбата Ѓорче Петров, оштетувања во Институтот за македонски јазик како и на повеќе приватни објекти во Батинци, Драчево, Гази Баба, Бит Пазар, Центар. Во Железара пријавено е дека е паднат оџак од една зграда во населбата.
Линијата 195 и денеска е вжештена, а поради големиот број на повици во голем дел од денот не можеше да се воспостави повик. Од ЦУК објаснуваат дека граѓаните можат да пријават штети и преку меил (mail@cuk.gov.mk) каде треба да го наведат името, презимето, контакт телефонот, која е и колкава е штетата.