Груевски-Жбогар: Интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер избори

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше на средба со новиот евроамбасадор во Македонија, Самуел Жбогар.

Како што сооштија од партијата, теми на разговорите биле европската интеграција на државата и актуелната политичка ситуација.

Груевски на средбата посочил дека интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер, кредибилни и демократски избори како единствено решение за  „наметната политичка криза”.

-Тој истакна дека во тој процес важна е соработката и конструктивниот пристап на сите субјекти вклучени во изборите, овозможувајќи им на граѓаните исполнување на нивното демократско право на избор. – стои во партиското соопштение.

Соговорниците изразиле подготвеност за продолжување на конструктивната и позитивна соработка и дијалог  во насока на исполнување на стратешките цели за членство во ЕУ.

Поврзани новости