На ваквите фашистички и сегрегаторски мерки мора да им се застане на пат, ако не за нас, за нашите деца. И баш ме заболе за етикети. Прва е, се знае антиваксер. Да разјасниме, антиваксер е тој што не верува во вакцини, не си ги вакцинира децата и не верува во концептот на колективен имунитет. Моите две деца се фул вакцинирани, па би сакал да ми се посочи како тоа сум антиваксер?
Јанаки МИТРОВСКИ
Стапија во сила дискриминаторските и фашистички мерки, согласно кои, на седумдесет и пет проценти од населението им се ограничува слободното движење, кршејќи ги со тоа делумно Уставот, Конвенцијата за човекови права и Универзалната декларација за човекови права. Внимавајте, говориме за дури седумдесет и пет проценти, огромно мнозинство од граѓаните.
Мерките сами по себе се супер кретенски. Јас прележав ковид во месец април и имам имунитет, баш оваа недела се тестирав и сум негативен и имам антитела. Мене, иако имам имунитет, ми е ограничена слободата, ми е забранет пристап до локали, кина, најново затворени молови, а многу веројатно, како што веќе најави министерот Бектеши, и забрана за пристап до маркети.
УДАР ПО ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА
Тоа е веќе удар по основната егзистенција. Можам да преживеам без кафеана, кафуле, кино, иако не сакам. Но, не можам да преживеам без храна, и не можат деведесет и пет проценти луѓе. Ваков отворен фашизам, не само што не е продуктивен во поглед на имунизацијата, туку е апсолутно контрапродуктивен, на пример, угостителите веќе се спремаат за протести, што е нормално.
Еден протест веќе се одржа. Бев на него и бев изненаден од бројката од околу четири до пет илјади присутни. Говореа неколку ликови, некој си Тајсон (забога кој се вика сам себеси Мајк Тајсон, но нејсе) Гордана Гоџо и некое дете, кое повеќе време посвети на сменетото име и историја, отколку на темата. Во даден момент, откако госпоѓа Гоџо ги спомна лекарите, десетина будали почнаа да скандираат убијци.
Сакам да појаснам, бидејќи бев на само триесетина метри од Гоџо, и бидејќи говореа на обичен мегафон, дека не чув ама баш ништо. Крајно симптоматично е тоа што од три часа протест, меинстрим медиумите го издвоија реално најгрдиот дел од десет секунди скандирање од страна на десетина несовесни кретени. И интенцијата е јасна, да се даде негативен контекст и да се дефокусира вниманието.
Апсолутно не сметам дека докторите се убијци. За кого да сметам дека е убиец, за мојот матичен лекар, прекрасна докторка, која се грижеше за мене, самоиницијативно ми се јавуваше да ме праша како сум, што ретко кој матичен го прави, ме молеше да дојдам да ги слушне белите дробови, иако бев ковидосан. Докторката се вика Анита Ристевска и е прекрасен лекар на кој му посакувам сè најдобро.
Зар да сметам дека е убиец доктор Нико Беќаровски, драг познаник, и еден од најсовесните лекари низ пандемијава, иако и со него често влегувам во клинч за различни мислења? Зар е убиец еден кардиолог, чие име не би го спомнал, бидејќи не сака да се експонира, и кој, иако е максимално за вакцинирање, смета дека меркиве се идиотски? Секој оној што скандира за лекариве што изгинаа година и пол, или е дебил, или да не бидам параноичен е уфрлен тоа да го прави со цел да се дискредитира протестот!
МЕ ЗАБОЛЕ ЗА ЕТИКЕТИРАЊА
Од друга страна и лекарите мора да се охрабрат. Не е дека сите насоки до СЗО и Министерството мора до буква да се следат. Знаеме како заврши токсифицирањето на заболени од респираторен вирус со антибиотици. Ретко кој лекар видов да излезе и да дава совети да се јаде здраво, да се спортува и со тоа да се билда имунитетот, кој на крајот на денот е незаменлив.
Крајно разочара Комисијата за дискриминација, каде што член е еден од моите најдобри другари, со став дека мерките не биле дискриминирачки, иако самиот закон како дискриминирачки основи препознава здравствена состојба и политичко убедување. Се огласи и Хелсиншкиот комитет, чија директорка ја сакам како човек, со крајно недопустливо соопштение. Ако јас се прашувам, Хелсиншки први треба да застанат на патот на ваквите недемократски мерки, а не да нè убедуваат да сме се пазеле од лажни вести, небаре тоа им е работа!
На ваквите фашистички и сегрегаторски мерки мора да им се застане на пат, ако не за нас, за нашите деца. И баш ме заболе за етикети. Прва е, се знае антиваксер. Да разјасниме, антиваксер е тој што не верува во вакцини, не си ги вакцинира децата и не верува во концептот на колективен имунитет. Моите две деца се фул вакцинирани, па би сакал да ми се посочи како тоа сум антиваксер? Но, немам намера да ги бодам со експериментални вакцини, за вирус за кој најновите информации говорат дека е излезен од лабораторија, и во пандемија во која се случуваат најблаго кажано дубиозни работи!
Никој мене не ме натера да си ги вакцинирам децата на сила. И тука е клучната поента. Случајно ли е што три четвртини од населението не сака да се вакцинира, а и од таа една четвртина, дел се присилени. И сосема за крај, вчерашниот прилог на вести кажа дека има хоспитализирани со примени две вакцини, ама ниту еден прележан. Затоа дечки намалете со фашизмов!
П.С. Да ја поздравам госпоѓа Гоџо, која ја шерна мојата последна колумна, ширејќи лаги дека лани не сум сакал да помогнам. Гордана, кога одите на адвокат треба истиот совесно да ја претстави реалната состојба, а не да ви го кажува тоа што сакате да го чуете. За жал, од правен аспект опциите ни се тенки, иако јас ќе дадам сè од себе. А ако не ви пашам, или можеби Ви недостигам, слободно да ми се фатите!