Делта-сојот најмногу циркулира каде има помалку вакцинирани

by fokus

Циркулацијата на делта-варијантата на коронавирус во области со ниска вакцинација го поттикнува ширењето на Ковид-19 низ целиот свет, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација.

-Во многу места во светот каде што има се повеќе заразени со делта-варијантата на коронавирус, дури и во земји кои имаат високо ниво на вакцинација на национално ниво, делта сојот навистина циркулира и се шири во области со мала покриеност со вакцини, и постои многу ограничена и неконзистентна имплементација на јавните здравствени и социјални мерки – изјави епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове.

Според главниот научник на СЗО, Сума Сваминатан, вакцините без сомнение спречуваат зголемување на бројот на тешки и смртни случаи.

Поврзани новости