Кристијан Стаменов, директорот на ЗОО Скопје кој вчера по скандалот со закланите коњи беше разрешен од функција, денес на прес изјави дека не е убиец и ќе ја докаже својата невиност пред институциите.
-Постапката е одраз на правилно спроведување на заштитата на животните. Запазени се сите законски процедури – изјави тој, додавајќи дека и во минатото имало слични настани, а тој самиот бил вработен во зоолошката 12 години наназад, како негувател.
Според него, колењето на коњите е економско искористување на животните, кои во консултација со стручни лица се со рани, болни, изнемоштени и пред умирање, и не можат да бидат рехабилитирани.
За закланите коњи, појасни дека ги добиле од КПД Идризово, а истите биле одземени од дрвокрадци.
Исто така, изјави дека врз него се вршеле притисоци, од самото стапување на функција, а целиот настан го сметал за атак насочен лично против него.
Вики Клинчарова