На вчерашното собрание на Синдикатот на ФЕНИ, бил разрешен досегашниот синдикален лидер Ѓорги Палитов, откако финансиската контрола на работењето покажала дупка од околу 100 илјади евра во финансиите на синдикалната организација на комбинатот.
Како што објави телевизијата 24 вести, недостигале документи за направени трансакции и позајмици, а контролата утврдила дека исплати и договори со коминтенти се склучувале без одлука на синдикалниот одбор.
За надзорниот одбор спорни се и договорите за набавка на огревни дрва, позајмицата од бугарски Енекод, трошоците за телефон, угостителски услуги, подароци и прослави.
Разрешениот претседател Ппалитов ги негира наодите изнесени од надзорниот одбор, истакнувајќи дека новото раководство на Џи Сол, кое било истото и во времето на Кунико, вршело хајка против него.