Иран и САД ги отфрлија најновите мировни предлози за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток.
Додека Техеран го обвинува Доналд Трамп дека е неразумен, американскиот претседател вели дека иранските контрапредлози се целосно бесмислени.
Минатата среда, Трамп повтори дека Иран е многу заинтересиран за постигнување договор, а Техеран потврди дека разгледува нов мировен предлог на САД.
Вчера, пак, иранските медиуми објавија дека Техеран категорично ги отфрлил плановите, тврдејќи дека тие би претставувале капитулација пред прекумерните барања на американскиот претседател.
Иран испрати свој предлог, кој наводно вклучува барање за воени репарации, итен прекин на американската блокада на Ормутскиот теснец и гаранција дека нема да има понатамошни напади.
Американскиот претседател потврди на својата мрежа Truth Social дека го видел одговорот на Иран.
„Не ми се допаѓа – тотално НЕПРИФАТЛИВО!“ напиша Трамп.
Претседателот на Иран – Масуд Пезешкијан вчера објави дека Иран нема да ја поклони главата пред непријателот. Тој нагласи дека отворањето дијалог со Вашингтон не значи предавање или повлекување.