2
Претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, информираше дека по барање на граѓаните е подготвена петиција со која се бара воведување електронска алка за следење на сторителите на насилство.
Зајкова ги повика граѓаните да ја поддржат иницијативата и да ја потпишат петицијата, со која се бара воведување дополнителна мерка за следење на лицата што вршат насилство.
„Електронската нараквица ќе ја предупреди жртвата и ќе ги алармира надлежните кога насилникот е поблиску од законски утврденото растојание. Потпишете се“, стои во иницијативата.